@elenaristeska_era: Денес е 7годишнина од основањето на мојот бренд @era_cosmetics !Неодамна го прославивме роденденот заедно со мојот 40ти роденден и наскоро очекувајте фотографии и видеа. Низ годиниве сфатив дека соработниците се најважен дел од една фирма, каков што беше мојот технолог Владо Баевски, на кој му должам сѐ околу козметиката, но кој повеќе не е меѓу нас. Голема празнина за нас е неговото заминување. Кога сме кај соработниците, Златко Крстески @zlatkokrsteski од @askreativa_2020 или @jananailsmacedonia е тој кој е дел од приказната ЕРА сите овие години и меѓу првите кои веруваа во брендот и неговиот квалитет и остана еден од моите најблиски соработници и човек од доверба. Секогаш велам да се сите соработници како него ќе одеше полесно сѐ. Ова видео е токму за него, да изразам благодарност за неговата професионалност и добрина како човек. 🙏🏽🖤 Изгледајте го видеото до крај да видите зошто ја спомнувам и хрватската сопственичка на брендот Jana Nails @janaduzanec и црногорската едукаторка Бојана @bojana.mistero . 😍❤️ Да не беше погледот кон езерото од @hotelinexolgica немаше да биде толку убав викендот. Воедно друштвото е најважно за добар провод, моите @ivanapopcev и @andreailoska . 😍❤️🍀 #cosmetics #ohrid #masterclass