@24chasa.mk: ТЕНЗИЧНО НА УФЦ ВО БЕЛГРАД: Ечеше „Уби, уби Шиптара“ - Бузукја во салата влезе со албанско знаме УФЦ вечерта во Белград донесе жестока атмосфера и во октагонот и на трибините. Американскиот борец со албанско потекло Денис Бузукја во арената влезе со албанско знаме, по што дел од публиката скандираше „Уби, уби Шиптара“. Екипата на 24часа ексклузивно обезбеди видео од моментите кои предизвикаа големо внимание во арената. По неизвесната борба во перолесна категорија, домашниот миленик Богдан Град беше прогласен за победник. Публиката бурно го прослави неговиот триумф, а атмосферата во белградската Арена остана вжештена до самиот крај на мечот. #fyp #skopje #viral #goviral #UFC