@hamachi.mk: НОВИОТ ZONTES 703F V2 2026 – НЕ Е САМО НОВА ВЕРЗИЈА. ОВА Е ЦЕЛОСНО НОВО НИВО НА КОНТРОЛА. Познатиот трицилиндричен карактер на ZONTES 703F сега доаѓа со уште понапредна електроника, поголема безбедност и значително повеќе комфор на долгите патувања. Што е ново кај V2 во споредба со V1? ✅ Ride-by-Wire електронска гас Наместо класична механичка команда, V2 добива електронска контрола на гаста за попрецизна реакција, помазно дозирање на силата и подобра комуникација со останатите електронски системи. ✅ Cruise Control – темпомат Нов систем што ја одржува избраната брзина без постојано држење на гаста. Огромна предност при долги автопатски патувања и значително помал замор за возачот. ✅ Двонасочен Quick Shifter Кај V1 менувањето без квачило е овозможено само нагоре. Новиот V2 овозможува брзо и мазно менување и нагоре и надолу, за поспортско и попрецизно возење. ✅ Нова IMU платформа Системот постојано ја следи положбата, навалувањето и движењето на мотоциклот, овозможувајќи електрониката попрецизно да реагира во различни ситуации. ✅ Cornering ABS Подобрена ABS контрола што ја зема предвид наваленоста на мотоциклот. Обезбедува поголема стабилност и подобра контрола при сопирање во свиоци. ✅ Понапредна контрола на тракција – TCS Во комбинација со IMU платформата, системот попрецизно го контролира пролизгувањето на задното тркало и овозможува поголема сигурност на влажен, лизгав или нерамен терен. ✅ Греачи во седиште со три нивоа Покрај стандардните грачи на рачки, V2 добива и греачи седиште што се контролира директно преку инструмент-таблата. Како и претходната верзија, Zontes 703F V2 е достапен со тркала од 21 и 18 инчи за поголеми off-road способности и со 19 и 17 инчи за туристичко и асфалтно возење, со пониска и попристапна висина на седиштето. Во моторот останува проверениот 699 cc трицилиндричен агрегат, но сега е опкружен со електроника што го прави 703F побезбеден, поудобен и многу посовремен. ZONTES 703F V2 2026 Истата трицилиндрична емоција. Повеќе контрола. Повеќе технологија. Повеќе авантура. 📍 Хамачи – Штип 📞 075/223-765 Контактирајте нè за цена, достапност и резервација.
Hamachi
Region: MK
Wednesday 19 August 2026 10:42:37 GMT
Music
Download
Comments
Xxx23 :
Mira que me encantq todo de esta moto pero el morro sigue siendo horrible
2026-09-12 17:36:04
0
Juan Ruiz :
😁😁😁
2026-08-29 06:26:23
0
To see more videos from user @hamachi.mk, please go to the Tikwm
homepage.