@vmro1893: #Тодор Александров кратко пред убиството: Печатот на ВМРО е подобро да биде закачен на некоја бука во Македонија отколку да стои на која било маса во Софија И покрај сите овие потврдени тези и мислења, кои се засновани на научни истражувања и расположливи податоци, историската наука и натаму со целосна сигурност не може да го утврди точниот нарачател на убиството на Тодор Александров на 31 август 1924. Тоа останува една од последните тајни за трагичниот настан што ја смени историската патека на ВМРО. Можеби тој таен документ постои некаде, во некој сè уште неотворен архивски фонд или во некоја приватна збирка на историски документи и чека да биде откриен од љубопитното око на историчарот. Сè дотогаш идентитетот на вистинскиот нарачател на убиството на Тодор Александров ќе остане една од најголемите тајни во историјата на ВМРО, заклучи проф. Жежов. „За нас Македонците не е време да се делиме на класи и партии. Треба сите заедно да се бориме за да ги извојуваме основните човекови права и политичката слобода, а на крајот да се бориме и за социјална правда. Но и оние што избрале друг пат - да внимаваат само да не ни пречат во преземената нерамна идејна борба за слободата на Македонија“, пишува Тодор Александров до Тодор Андреев на 31 јули 1924. Тодор Александров, убиен на денешен ден 1924 година, е една од најзначајните и највпечатливи фигури во македонското револуционерно движење и во македонската национална историја. Значајно е, на пример, тоа што, според спомените на револуционерите и други сведоштва, Александров бил посветен борец за независна македонска национална држава и херој на македонската нација. Изјавите за странските весници само го потврдувале Александров пред Европа и светот - како македонски националист, односно националпатриот, т.е. македонски национален деец и борец за независност на Македонија. - Тодор Александров, независно од неговата активност, која не секогаш беше на линијата на прогресот, имаше големо влијание врз масите. Веројатно поради односот што го имал со луѓето, поради аскетскиот живот што го водел, како што се зборуваше, и поради други работи. Но мора да се има предвид и еден друг момент. А тоа е дека тој, сепак, се оформил како револуционер во Македонската револуционерна организација, која во основа имала цел ослободување на Македонија - ќе рече во една пригода генералот Михаило Апостолски, партизан, народен херој, историчар и втор претседател на МАНУ. Атентатот на Тодор Александров се случил на 31 август 1924 година кај селото Лопово на планината Пирин. Тој патувал кон местото на кое дента требало да се одржи конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО-Автономистичка заедно со генералот Александар Протогеров, четникот Панајот (Панзо) Зафиров, кој му бил телохранител на Александров, и војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров. Во близина на с. Горна Сушица групата запрела за одмор, па тогаш кон нив се приклучиле Динчо Сугарски и Динчо Балкански како курири - патоводичи на ВМРО. Александров, по предлог на Влахов, му ја дал својата пушка на Сугарски да му ја носи. По продолжувањето на патот, при следната починка во близина на Лопово, Влахов и Вретенаров отвориле оган одзади кон Александров, при што овој бил погоден со најмногу 4 куршуми, од кои еден завршил и во неговата глава. Истрелите го разбудиле задреманиот Панзо, па тој се обидел да ја дофати својата пушка, но во тој миг бил смртно застрелан од страна на Динчо Балкански. Генералот Протогеров бил во непосредна близина, ама на него не било стрелано и го оставиле жив. Тодор и Панзо починале на местото на оружениот напад. ПРОДОЛЖУВА ВО КОМЕНТАР....

☦️☀️🇲🇰🔴⚫☠️ВМРО☠️⚫🔴🇲🇰☀️☦️
☦️☀️🇲🇰🔴⚫☠️ВМРО☠️⚫🔴🇲🇰☀️☦️
Open In TikTok:
Region: MK
Saturday 12 September 2026 14:06:31 GMT
2204
113
1
3

Music

Download

Comments

user4880702824583
Иван Мечкаров :
Абе барем намалете дисторжера ,..руски ли е??
2026-09-13 17:47:39
0
11g.o.a.t11
11G.O.A.T11 :
Again cheap propaganda 😂😂😂
2026-09-15 20:20:32
0
To see more videos from user @vmro1893, please go to the Tikwm homepage.

Other Videos


About