@organizacijata: БУКЕТ ЗА КРАЛОТ! На 9 октомври во 1934 година бил извршен атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Делото кое ја стресе цела Европа го изврши долгогодишниот член на организацијата Величко Димитров Керин познат и како Владо Черноземски. Атентатот бил спреман долго време и секој детал бил однапред запазен, со цел сѐ да биде под конец. Иако првично одговорноста за ова дело им припаѓала на усташите, Владо согледал дека не се психички спремни за такво нешто и со цел да не пропадне целиот план тој сам ја презема одговорноста за ликвидацијата на југословенскиот крал. На 9 октомври цела Европа беше сведок на пркосот и непокорот во карактерот на Македонецот и неговата борба за слобода. 🔴☦︎⚫