@24chasa.mk: ОД 15 НОЕМВРИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА: Казната за возачите е 45 евра Од 15 ноември во Македонија стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март следната година. Обврската се однесува на сите учесници во сообраќајот, без оглед на моменталните временски услови. Возачите кои нема да ја почитуваат законската одредба се соочуваат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност. Надлежните апелираат возачите навреме да ги подготват своите возила за зимските услови и да ја проверат исправноста на гумите и дополнителната опрема. Целта е да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намали ризикот од сообраќајни незгоди при снег, мраз и ниски температури. #fyp #makedonija