@24chasa.mk: МАКЕДОНСКАТА ГОРДОСТ ВО СВЕТСКИОТ КИКБОКС: Илиоски утре влегува во рингот на GLORY Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски, утре ќе испише нова страница во историјата на македонскиот кикбокс, како прв Македонец што ќе настапи во престижната светска организација GLORY. Македонскиот борец ќе се соочи со Ајман Латифи на настанот GLORY 110, кој ќе се одржи во Антверпен, Белгија. За Илиоски ова е голем чекор во кариерата и можност да го претстави македонскиот спорт на една од најпознатите светски кикбокс сцени. Неговиот настап доаѓа по потпишувањето договор со GLORY, со што доби можност да се натпреварува меѓу борците на оваа организација. Борбите ќе се одржат во арената „Лото“ во Антверпен, а главната програма е најавена за 20 часот по македонско време. #fyp #viral #skopjemk #macedonia #makedonija