@24chasa.mk: 98.500 ЛАЖНИ ЕВРА СОШИЕНИ ВО ЈАКНА: Македонски тинејџер во притвор во Бугарија 19 годишниот македонски државјанин Хамза Дарлишта останува во притвор во Бугарија, откако бил уапсен на граничниот премин „Капитан Андреево“ со 685 фалсификувани евробанкноти во вкупна номинална вредност од 98.500 евра. Според бугарските медиуми, во поставата на неговата јакна биле сошиени 300 банкноти од по 200 евра и 385 банкноти од по 100 евра. Младиот Македонец пред истражните органи изјавил дека не знаел дека парите се фалсификувани. Обвинителството тврди дека кратко претходно влегол во Турција, каде ја облекол јакната со скриените банкноти. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од две до осум години. #fyp #makedonija #bugarija