@24chasa.mk: ФИЛИП ТАЛЕСКИ СИ ОДИ ОД ОХРИД: По само три месеци ја заврши сезоната Македонскиот ракометар Филип Талески повеќе не е дел од Охрид, откако соработката со клубот завршила предвреме по само три месеци, дознава „24Ракомет“. Левиот бек летово потпиша договор за сезоната 2026/27, со можност за продолжување на уште една година, но неговиот престој покрај Охридското Езеро заврши уште во октомври. Според информациите, несогласувањата започнале пред околу две недели, по што дошло до раскинување на договорот. За македонскиот ракометар ова е втор последователен октомври во кој се разделува со клуб за кој потпишал во текот на летото, откако слично сценарио му се случи и со Вардар минатата година. Извор - 24ракомет #filiptaleski #ohrid #fyp