@onexox_store:

ONEXOX
ONEXOX
Open In TikTok:
Region: MY
Wednesday 11 November 2026 03:28:34 GMT
471
5
0
0

Music

Download

Comments

There are no more comments for this video.
To see more videos from user @onexox_store, please go to the Tikwm homepage.

Other Videos

✨ ПРЖЕНА СВИНСКА КРТИНА СО ПРАЗ И СУВИ ПИПЕРКИ✨ FRIED PORK WITH LEEKS AND DRIED PEPPERS ✨ Едно многу брзо, едноставно, а неверојатно вкусно традиционално јадење, кое ме враќа во детството и во едни поинакви времиња. ❤️ Вака го правеа моите родители, а верувам и многу други семејства, во деновите кога се колеше прасето. Најчесто тоа се случуваше околу 29 Ноември. Тогаш целата куќа беше на нозе! Сите имаа некаква работа – некој сечкаше, некој пакуваше, а во меѓувреме на шпоретот се пржеа џигерот и кpтината. За кpтината да биде уште повкусна и поароматична, задолжително се додаваа праз и суви пиперки. И тогаш започнуваше она што денес со носталгија го паметиме – мирисот се ширеше низ целата куќа, па дури и до соседите. Се собираа луѓе, се пробуваше, се макаше со леб, се наздравуваше и се уживаше. Тоа не беше само јадење. Тоа беше посебна атмосфера, семејна топлина и радост од тоа што сите сме заедно. Со колењето на прасето се подготвуваа залихите за зимата, а ваквите вкусни залчиња беа задолжителен дел од тој обичај. Едноставно, јадење за мерак! Брзо се подготвува, полно е со вкус и арома, а мирисот што го остава во кујната е незаменлив. ❤️ Вкус на традицијата, вкус на детството и спомени што никогаш не бледнеат! 🥰 Потребни состојки: 700 г свинска кртина 1–2 прачки праз (околу 1½ прачка) 3 убави, големи суви пиперки Околу 100 мл вода Масло за пржење Сол и црн пипер  Подготовка Месото исечено на коцки го ставате да се пржи во загреано масло. Пржете го додека ја испушти водата и таа речиси целосно не испари. Потоа извадете го месото настрана. Во истата тава, на истата маснотија, ставете го празот исечкан на коцки да се пржи. Речиси веднаш додајте ги и сувите пиперки, исечкани на парчиња. Откако празот и пиперките ќе се пропржат, за околу 5 минути, вратете го месото во тавата. Убаво промешајте за да се соединат вкусовите, па додајте околу 100 мл вода. Оставете уште кратко да се динста, колку да омекнат месото и празот и да се спојат сите ароми. И тоа е тоа! Јадењето е готово! Брзо, едноставно, а толку вкусно што ќе ви замириса целата куќа. Најубаво е да се послужи топло, со свеж домашен леб, за да може убаво да се мака од оној вкусен сос. На здравје!#pork #lunch #dinner #traditional #macedonian

About