@24chasa.mk: Новогодишната магија веќе пристигна во Скопје! Иако е 20 ноември и до Нова година има уште повеќе од еден месец, повеќе угостителски објекти низ градот веќе се украсени во празничен дух. На скопскиот кеј, во Дебар Маало, на Рузвелтова и на други локации можат да се забележат новогодишни елки, светилки, светкави украси и празнични декорации. Дел од локалите годинава решија да ја започнат сезоната порано, по примерот на западноевропските градови. Скопје полека го добива својот новогодишен изглед, а празничната атмосфера пристигнува уште во ноември. #xmas #viral #fyp #skp #skopje