@svetlinka.mk: Во Светата Божествена Литургија, по осветувањето на Светите Дарови, црквата особено ја возвеличува Пресвета Богородица.. овој момент има особена богословска и литургиска длабочина бидејќи светите дарови веќе се осветени и црквата стои пред големата тајна на Христовото присуство во Светата Евхаристија. Тогаш вниманието на целата црква се насочува кон Пресвета Богородица, која е Мајка на воплотениот Син. Преку неа Бог Слово прими човечко тело и стана човек. Затоа нејзиното особено прославување во овој дел од литургијата е непосредно поврзано со самата тајна на воплотувањето и со Христовото присуство во Евхаристијата. Народот тогаш ја пее песната „Достојно ест“, со која ја исповеда нејзината единствена чест... Самото „Достојно ест“ според црковното предание е поврзано со чудесното јавување на Архангел Гаврил на Света Гора, но како монах.. тогаш оваа песна била откриена и потоа влегла во богослужбениот живот на црквата. Во храмот во овој момент бијат камбаните, нивниот звук го нагласува свечениот карактер на богослужбениот момент. Камбаните го објавуваат она што црквата внатре во храмот го прославува со песна и молитва. Тоа е радосен знак дека даровите се осветени и дека верниот народ наскоро ќе се причести со вистинското Тело и Крв на Господ, ги повикува оние кои се надвор од храмот, и им го означува моментот на оние кои од оправдани причини не можеле да дојдат. Затоа се ова нашево не е обичен спомен, но вистинско присуство и учество. #светлинка #orthodox #macedonia #fyp #viral

Светлинка
Светлинка
Open In TikTok:
Region: MK
Saturday 22 August 2026 17:54:09 GMT
1872
328
6
5

Music

Download

Comments

user9318932179109
user9318932179109 :
Амин
2026-08-22 18:53:08
0
georginalazarova0
Georgina Lazarova :
Amin🙏🙏🙏
2026-08-22 23:28:13
0
goranka.kostic7
Goranka Kostic :
амин
2026-08-22 19:15:26
0
polovni.automobil730
Polovni Automobili :
amin
2026-08-22 19:26:59
0
user6105765931066
Аце :
amin🙏🙏🙏
2026-08-22 20:05:03
0
zoricaivanovska1
zorica123 :
🙏🙏🙏
2026-08-23 09:45:36
0
To see more videos from user @svetlinka.mk, please go to the Tikwm homepage.

Other Videos


About